1 Цареви 14:17-23 MKB

17 Јеровоамовата жена стана и си отиде. Стигна во Терса, а кога преминуваше преку куќниот праг, детето беше мртво.

18 Го закопаа, и сиот Израел го оплака според зборот што Господ го рече преку Својот слуга пророкот Ахиј.

19 Другите Јеровоамови дела, како војуваше и царуваше, тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

20 Јеровоамовото царување траеше дваесет и две години, потоа Јеровоам почина покрај своите татковци, а неговиот син Надав зацарува место него.

21 Ровоам, синот Соломонов, беше јудејски цар; имаше четириесет и една година кога стана цар, а седумнаесет години царуваше во Ерусалим, во градот што Господ го избра меѓу сите израелски племиња за да го постави таму Своето Име. Мајка му се викаше Нама, а беше Амонка.

22 И Јуда направи зло во Господовите очи. Со гревовите што ги направија го разјарија повеќе од сè што направија нивните татковци.

23 Зашто и тие подигнаа високи места, столбови и ашери на секое ритче и под секое зелено дрво.