1 Цареви 14:23-29 MKB

23 Зашто и тие подигнаа високи места, столбови и ашери на секое ритче и под секое зелено дрво.

24 Имаше и посветени блудници (содомци) во земјата. Ги поддржуваше сите грозотии на народите што Господ ги протера пред Израелевите синови.

25 Во петтата година на Ровоамовото царување египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим.

26 Го ограби сето богатство од Господовиот Дом и од ризницата на царскиот дворец; зеде сè; ги зеде и сите златни штитови што ги имаше направено Соломон.

27 Место нив царот Ровоам направи бронзени штитови и им ги довери на заповедниците на стражата што ја чуваа вратата на царскиот двор.

28 Кога царот одеше во Господовиот Дом, стражарите ги земаа, а после ги враќаа во стражарницата на телохранителите.

29 Другата Ровоамова повест, сè што направил, зар не е запишана во книжниот свиток Летописи на царевите на Јудеја?