1 Цареви 14:25-31 MKB

25 Во петтата година на Ровоамовото царување египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим.

26 Го ограби сето богатство од Господовиот Дом и од ризницата на царскиот дворец; зеде сè; ги зеде и сите златни штитови што ги имаше направено Соломон.

27 Место нив царот Ровоам направи бронзени штитови и им ги довери на заповедниците на стражата што ја чуваа вратата на царскиот двор.

28 Кога царот одеше во Господовиот Дом, стражарите ги земаа, а после ги враќаа во стражарницата на телохранителите.

29 Другата Ровоамова повест, сè што направил, зар не е запишана во книжниот свиток Летописи на царевите на Јудеја?

30 За сето време имаше војна меѓу Ровоам и Јеровоам.

31 Ровоам почина со своите татковци, и беше погребан со своите татковци во Давидовиот Град. Мајка му се викаше Нама, а беше Амонка. На негово место се зацари неговиот син Авијам.