1 Цареви 14:3-9 MKB

3 И понеси десет лебови, колачиња и сад со мед и оди кај него! Тој ќе ти каже што ќе биде со детето.”

4 И Јеровоамовата жена направи така: стана, отиде во Сило и влезе во Ахиевата куќа. А тој веќе не гледаше, очите му ослабеа од длабока старост.

5 Но Господ му рече: „Еве доаѓа Јеровоамовата жена за да бара од тебе совет за својот син, зашто е болен; а ти ќе и речеш така и така. Кога ќе влегува, ќе се преправа како да е друга.”

6 Кога Ахиј го чу шумот на нејзините чекори на вратата, и рече: „Влези, Јеровоамова жено! Што се преправаш дека си друга, кога имам тешка вест за тебе?

7 Оди, речи му на Јеровоам: ‘Вака вели Господ, Израелевиот Бог: „Те подигнав од народот и те поставив кнез над Мојот народ Израел,

8 го истргав царството од Давидовата куќа и ти го дадов тебе. Но ти не беше како Мојот слуга Давид, кој ги пазеше Моите заповеди и кој Ме следеше со сето свое срце, и кој правеше само она што е праведно во Моите очи.

9 Ти постапуваше уште полошо од своите претходници, отиде и си направи за себе други богови, ги излеа нивните ликови за да Ме дразниш, Мене Ме фрли зад плеќи.