1 Цареви 17:14-20 MKB

14 Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘Нема да снема брашно во садот, ниту ќе се испразни врчвата со масло, сè додека Господ не пушти да падне дожд на земјата.’”

15 Таа отиде и направи како што и рече Илија; и имаа јадење за многу денови, таа, тој и нејзиниот син.

16 Брашното од садот не се потроши и во врчвата не снема масло, според словото што Господ го рече преку својот слуга Илија.

17 По овие збиднувања се разболе синот на домаќинката, и неговата болест се влоши многу, така што во него не остана здив.

18 Тогаш таа му рече на Илија: „Што имам јас со тебе, Божји човеку? Зар дојде кај мене за да ме потсетиш на мојот грев и за да ми го усмртиш синот!”

19 Тој и рече: „Дај ми го својот син!” Тогаш го зеде од нејзината прегратка, го однесе во горната соба каде што живееше, и го положи во својата постела.

20 Тогаш извика кон Господа и рече: „Господи, Боже мој, зар навистина сакаш да ја натажиш вдовицата, која ме нагости, умртвувајќи и го синот?”