6 Гавраните му донесуваа леб наутро, а месо навечер; пиеше од потокот.
7 Ама по некое време потокот пресуши, зашто немаше дожд во сета земја.
8 Тогаш му дојде Господовото слово на Илија:
9 ”Стани, оди во Сидонска Сарепта и остани таму. Еве, таму и наредив на една вдовица да те храни.”
10 Тој стана и тргна во Сарепта. Кога стигна до градската врата, некоја вдовица собираше дрва таму; тој и се обрати и рече: „Донеси ми малку вода во врчвата, да пијам!”
11 Кога тргна да донесе, тој викна по неа и и рече: „Донеси ми и малку леб во раката!”
12 Таа одговори: „Живиот ми Господ, твојот Бог, јас немам печен леб, немам освен грст брашно во сад и малку масло во врчва. И еве собирам дрва, па ќе отидам и ќе го приготвам тоа за себе и за сина си, за да го поделиме и да умреме.”