1 Цареви 17:8-14 MKB

8 Тогаш му дојде Господовото слово на Илија:

9 ”Стани, оди во Сидонска Сарепта и остани таму. Еве, таму и наредив на една вдовица да те храни.”

10 Тој стана и тргна во Сарепта. Кога стигна до градската врата, некоја вдовица собираше дрва таму; тој и се обрати и рече: „Донеси ми малку вода во врчвата, да пијам!”

11 Кога тргна да донесе, тој викна по неа и и рече: „Донеси ми и малку леб во раката!”

12 Таа одговори: „Живиот ми Господ, твојот Бог, јас немам печен леб, немам освен грст брашно во сад и малку масло во врчва. И еве собирам дрва, па ќе отидам и ќе го приготвам тоа за себе и за сина си, за да го поделиме и да умреме.”

13 Но Илија и рече: „Не бој се. Оди и направи како што рече; само замеси ми првин колаче, па ми го донеси; а тогаш зготви си за себе и за сина си.

14 Зашто вака зборува Господ, Израелевиот Бог: ‘Нема да снема брашно во садот, ниту ќе се испразни врчвата со масло, сè додека Господ не пушти да падне дожд на земјата.’”