1 Цареви 18:1-7 MKB

1 Помина многу време и на третата година Господовото слово му беше упатено на Илија: „Оди, покажи му се на Ахав, зашто сакам да пуштам дожд на земјата.”

2 И Илија отиде да му се покаже на Ахав. Бидејќи гладот во Самарија стануваше сè поголем,

3 Ахав го повика дворскиот управител Авдиј. Тој Авдиј многу се боеше од Господа:

4 зашто кога Језавела ги погуби Господовите пророци, тој зеде сто пророци и ги скри по педесет во една пештера, каде ги хранеше со леб и ги поеше со вода.

5 И му рече Ахав на Авдиј: „Ајде, ќе ја обиколиме сета земја, сите извори и сите потоци, можеби ќе најдеме трева за да ги запазиме во живот коњите и мазгите и за да не ни пропадне добитокот.”

6 Ја поделија земјата што ќе ја пребаруваат: Ахав замина сам по еден пат, а Авдиј тргна сам по друг пат.

7 И кога Авдиј беше на пат, ете му го во пресрет Илија; откако го позна, падна ничкум и рече: „Ти ли си тоа, господару Илија!”