2 И Илија отиде да му се покаже на Ахав. Бидејќи гладот во Самарија стануваше сè поголем,
3 Ахав го повика дворскиот управител Авдиј. Тој Авдиј многу се боеше од Господа:
4 зашто кога Језавела ги погуби Господовите пророци, тој зеде сто пророци и ги скри по педесет во една пештера, каде ги хранеше со леб и ги поеше со вода.
5 И му рече Ахав на Авдиј: „Ајде, ќе ја обиколиме сета земја, сите извори и сите потоци, можеби ќе најдеме трева за да ги запазиме во живот коњите и мазгите и за да не ни пропадне добитокот.”
6 Ја поделија земјата што ќе ја пребаруваат: Ахав замина сам по еден пат, а Авдиј тргна сам по друг пат.
7 И кога Авдиј беше на пат, ете му го во пресрет Илија; откако го позна, падна ничкум и рече: „Ти ли си тоа, господару Илија!”
8 Тој му одговори: „Јас сум! Оди и речи му на својот господар: ‘Еве го Илија!’