1 Цареви 18:27-33 MKB

27 На пладне Илија им се потсмеваше и им рече: „Викајте погласно, зашто тој е бог; зафатен е или има работа; или е на пат; можеби спие, па треба да биде разбуден!”

28 А тие почнаа да викаат уште погласно и да се параат со ножеви и бодила, како што е обичај кај нив, сè додека не ги облеа крв.

29 Кога помина пладне, паднаа во бунило и беснееја сè додека не беше време за да се принесе жртвата; но немаше никаков глас ни одговор ниту знак дека некој ги слуша.

30 Тогаш Илија му рече на сиот народ: „Приближете се кон мене!” И сиот народ му се приближи. Тој го поправи Господовиот жртвеник што беше урнат.

31 Илија зеде дванаесет камења според бројот на племињата на синовите на Јакова, кому Бог му рече: „Твоето име ќе биде Израел!”

32 И му изгради од тие камења жртвеник на Господовото Име, и ископа ров околу жртвеникот, широк за да можат да се посеат две мери пченица.

33 Сложи дрва, го расече јунецот и го стави врз дрвата.