1 Цареви 18:29-35 MKB

29 Кога помина пладне, паднаа во бунило и беснееја сè додека не беше време за да се принесе жртвата; но немаше никаков глас ни одговор ниту знак дека некој ги слуша.

30 Тогаш Илија му рече на сиот народ: „Приближете се кон мене!” И сиот народ му се приближи. Тој го поправи Господовиот жртвеник што беше урнат.

31 Илија зеде дванаесет камења според бројот на племињата на синовите на Јакова, кому Бог му рече: „Твоето име ќе биде Израел!”

32 И му изгради од тие камења жртвеник на Господовото Име, и ископа ров околу жртвеникот, широк за да можат да се посеат две мери пченица.

33 Сложи дрва, го расече јунецот и го стави врз дрвата.

34 Тогаш рече: „Наполнете со вода четири врчви и излејте ги врз паленицата и на дрвата!” Направија така. Им заповеда: „Повторете,” и тие повторија. Тогаш рече: „Направете и по третпат.” Тие така и по третпат.

35 Водата течеше околу жртвеникот и ровот се наполни со вода.