1 Цареви 18:37-43 MKB

37 Послушај ме, Господи; послушај ме, за да знае сиот овој народ дека Ти, Господ, си Бог и дека Ти ќе ги обратиш нивните срца.”

38 И Господов оган падна и ги голтна паленицата и дрвата, камењата и правот, дури и водата во ровот ја исуши.

39 Сиот народ се исплаши, луѓето паднаа ничкум и рекоа: „Господ е Бог! Господ е Бог!”

40 Илија им рече: „Фатете ги Вааловите пророци, за да не избега ниеден од нив!” И тие ги фатија. Илија ги одведе до потокот Кисон и таму ги погуби.

41 Илија му рече на Ахава: „Оди горе, јади и пиј, зашто го слушам шумењето на дождот.”

42 Додека Ахав отиде горе да јаде и да пие, Илија се искачи на врвот на Кармил, се наведна кон земјата и го скри лицето меѓу колената.

43 Потоа му рече на својот момок: „Оди горе и погледај кон морето.” Тој отиде горе, погледна и рече: „Тука нема ништо!” Илија одговори: „Врати се седум пати.”