1 Цареви 18:40-46 MKB

40 Илија им рече: „Фатете ги Вааловите пророци, за да не избега ниеден од нив!” И тие ги фатија. Илија ги одведе до потокот Кисон и таму ги погуби.

41 Илија му рече на Ахава: „Оди горе, јади и пиј, зашто го слушам шумењето на дождот.”

42 Додека Ахав отиде горе да јаде и да пие, Илија се искачи на врвот на Кармил, се наведна кон земјата и го скри лицето меѓу колената.

43 Потоа му рече на својот момок: „Оди горе и погледај кон морето.” Тој отиде горе, погледна и рече: „Тука нема ништо!” Илија одговори: „Врати се седум пати.”

44 Но на седмиот пат момокот рече: „Ене облак, мал како човечка дланка, се дига од морето.” Тогаш Илија рече: „Оди, кажи му на Ахава: ‘Впрегнувај и слегувај за да не те фати дождот.’”

45 Одеднаш небото се смрачи од облаци и виор, и падна силен дожд. Ахав се качи во колата и отиде во Езраел.

46 Господовата рака беше над Илија, та тој, откако се препаша, отрча пред Ахава сè до во близината на Езраел.