1 Цареви 20:14-20 MKB

14 Ахав рече: „Преку кого?” Тој одговори: „Преку момчињата на покраинските намесници” Ахав праша: „Кој ќе го почне бојот?” Тој одговори: „Ти!”

15 Ахав изврши смотра на момчњата на покраинските управители. Беа двеста триесет и две. По нив изврши смотра на сите војски на сите Израелци. Беа седум илјади.

16 Тие излегоа на пладне, додека Вен-Адад пиеше во шаторите со триесет и два цареви кои му беа сојузници.

17 Момчињата на покраинските управители излегоа први. Го известија Вен-Адад: „Излегоа луѓето од Самарија.”

18 Тој рече: „Ако излегоа заради мир, фатете ги живи; ако излегоа во бој, фатете ги пак живи!”

19 Ама кога тие - момчињата на покраинските управители - излегоа од градот, по нив следеше другата војска,

20 и секој удри на својот противник. Арамејците бегаа, а Израелците ги гонеа. Вен-Адад, арамејскиот цар, се спаси на коњ со некои коњаници.