18 Тој рече: „Ако излегоа заради мир, фатете ги живи; ако излегоа во бој, фатете ги пак живи!”
19 Ама кога тие - момчињата на покраинските управители - излегоа од градот, по нив следеше другата војска,
20 и секој удри на својот противник. Арамејците бегаа, а Израелците ги гонеа. Вен-Адад, арамејскиот цар, се спаси на коњ со некои коњаници.
21 Тогаш излезе израелскиот цар; ги заплени коњите и колите, и им нанесе на Арамејците тежок пораз.
22 Тогаш пророкот му пристапи на израелскиот цар и му рече: „Ајде! Охрабри се и размисли добро што треба да правиш, зашто догодина арамејскиот цар ќе нападне на тебе.”
23 Слугите го советуваа арамејскиот цар: „Нивните богови се богови на горите, и затоа беа појаки од нас.
24 И така, да направиме вака: мавни ги овие цареви, и постави ги војводите на нивното место.