1 Цареви 20:23-29 MKB

23 Слугите го советуваа арамејскиот цар: „Нивните богови се богови на горите, и затоа беа појаки од нас.

24 И така, да направиме вака: мавни ги овие цареви, и постави ги војводите на нивното место.

25 Потоа собери си голема војска колку што беше онаа што ја изгуби, толку коњи и толку коли. Тогаш ќе се биеме со нив во рамница, и бездруго ќе надвладееме.” Тој ги послуша и направи така.

26 Кога помина годината Вен-Адад ги крена Арамејците и тргна против Афек, за да војува со Израел.

27 Израелците се кренаа и тргнаа против нив. И се влогорија Израелците пред нив како две мали стада кози, додека Арамејците ја покрија земјата.

28 Тогаш Божјиот човек му пристапи на израелскиот цар и му рече: „Вака вели Гопод: ‘Затоа што Арамејците велат дека Господ е Бог на горите и дека не е Бог на рамниците, Јас ќе го предадам во твоите раце ова силно мноштво, за да знаете дека Јас Сум Господ.’”

29 Седум денови беа влогорени едните спроти другите. Во седмиот ден се зафати бој, и Израелците ги погубија Арамејците, сто илјади пешаци во еден единствен ден.