1 Цареви 20:30-36 MKB

30 Остатокот избега во Афек, во градот, ама ѕидот се урна врз дваесет и седум илјади луѓе кои останаа. Избега и Вен-Адад. Во градот поминуваше од една скривница во друга.

31 Неговите слуги му рекоа: „Ете! Ние чувме дека израелските цареви се милостиви. Да ставиме вреќишта околу своите слабини и јажиња околу своите глави, па да излеземе пред израелскиот цар: можеби ќе ти го поштеди животот.”

32 И врзаа вреќишта околу своите крстови и јажиња околу своите глави. Отидоа пред израелскиот цар и рекоа: „Твојот слуга Вен-Адад вели: ‘Остави ме во живот!’” Тој одговори: „Уште ли е жив? Тој е мој брат.”

33 Луѓето го зедоа тоа како добар знак и побрзаа да го фатат за Зборот, велејќи: „Вен-Адад е твој брат!” Ахав одговори: „Одете! Доведете го!” Вен-Адад дојде, и тој го зеде во колата.

34 Вен-Адад му рече тогаш: „Ќе ти ги вратам градовите кои мојот татко му ги одзеде на твојот татко; ќе ти стојат на располагање улици во Дамаск, како што стори мојот татко во Самарија. Пушти ме под овој услов.” Ахав склучи со него сојуз и го пушти.

35 Еден од пророчките синови му рече, по Господова заповед, на својот другар: „Удри ме!” Ама човекот не сакаше да го удри.

36 Тогаш оној му рече: „Бидејќи не го слушаше Господовиот глас, еве, кога ќе си отидеш од мене, лав ќе те раскине.” Тукушто се оддалечи од него, сретна лав, кој го раскина.