1 Цареви 20:31-37 MKB

31 Неговите слуги му рекоа: „Ете! Ние чувме дека израелските цареви се милостиви. Да ставиме вреќишта околу своите слабини и јажиња околу своите глави, па да излеземе пред израелскиот цар: можеби ќе ти го поштеди животот.”

32 И врзаа вреќишта околу своите крстови и јажиња околу своите глави. Отидоа пред израелскиот цар и рекоа: „Твојот слуга Вен-Адад вели: ‘Остави ме во живот!’” Тој одговори: „Уште ли е жив? Тој е мој брат.”

33 Луѓето го зедоа тоа како добар знак и побрзаа да го фатат за Зборот, велејќи: „Вен-Адад е твој брат!” Ахав одговори: „Одете! Доведете го!” Вен-Адад дојде, и тој го зеде во колата.

34 Вен-Адад му рече тогаш: „Ќе ти ги вратам градовите кои мојот татко му ги одзеде на твојот татко; ќе ти стојат на располагање улици во Дамаск, како што стори мојот татко во Самарија. Пушти ме под овој услов.” Ахав склучи со него сојуз и го пушти.

35 Еден од пророчките синови му рече, по Господова заповед, на својот другар: „Удри ме!” Ама човекот не сакаше да го удри.

36 Тогаш оној му рече: „Бидејќи не го слушаше Господовиот глас, еве, кога ќе си отидеш од мене, лав ќе те раскине.” Тукушто се оддалечи од него, сретна лав, кој го раскина.

37 Пророкот најде друг човек и рече: „Удри ме!” Човекот го удри и го рани.