1 Цареви 20:33-39 MKB

33 Луѓето го зедоа тоа како добар знак и побрзаа да го фатат за Зборот, велејќи: „Вен-Адад е твој брат!” Ахав одговори: „Одете! Доведете го!” Вен-Адад дојде, и тој го зеде во колата.

34 Вен-Адад му рече тогаш: „Ќе ти ги вратам градовите кои мојот татко му ги одзеде на твојот татко; ќе ти стојат на располагање улици во Дамаск, како што стори мојот татко во Самарија. Пушти ме под овој услов.” Ахав склучи со него сојуз и го пушти.

35 Еден од пророчките синови му рече, по Господова заповед, на својот другар: „Удри ме!” Ама човекот не сакаше да го удри.

36 Тогаш оној му рече: „Бидејќи не го слушаше Господовиот глас, еве, кога ќе си отидеш од мене, лав ќе те раскине.” Тукушто се оддалечи од него, сретна лав, кој го раскина.

37 Пророкот најде друг човек и рече: „Удри ме!” Човекот го удри и го рани.

38 Пророкот си отиде, се намести на патот на царот, а преку очите навлече покривало за да не го препознаат.

39 Кога поминуваше царот, тој извика: „Твојот слуга беше излезен во бој, кога од бојните редови истапи еден и ми доведе некој човек, велејќи: ‘Чувај го овој човек! Ако го снема, твојот живот ќе биде за неговиот живот, или ќе платиш сребрен талант.’