1 Цареви 20:35-41 MKB

35 Еден од пророчките синови му рече, по Господова заповед, на својот другар: „Удри ме!” Ама човекот не сакаше да го удри.

36 Тогаш оној му рече: „Бидејќи не го слушаше Господовиот глас, еве, кога ќе си отидеш од мене, лав ќе те раскине.” Тукушто се оддалечи од него, сретна лав, кој го раскина.

37 Пророкот најде друг човек и рече: „Удри ме!” Човекот го удри и го рани.

38 Пророкот си отиде, се намести на патот на царот, а преку очите навлече покривало за да не го препознаат.

39 Кога поминуваше царот, тој извика: „Твојот слуга беше излезен во бој, кога од бојните редови истапи еден и ми доведе некој човек, велејќи: ‘Чувај го овој човек! Ако го снема, твојот живот ќе биде за неговиот живот, или ќе платиш сребрен талант.’

40 И додека твојот слуга работеше тука-таму, него го снема.” Тогаш царот на Израел му рече: „Еве ти ја пресудата! Сам си ја изрече!”

41 На тоа оној веднаш го отстрани покривалото од очите, и израелскиот цар виде дека тоа е еден од пророците.