1 Цареви 20:37-43 MKB

37 Пророкот најде друг човек и рече: „Удри ме!” Човекот го удри и го рани.

38 Пророкот си отиде, се намести на патот на царот, а преку очите навлече покривало за да не го препознаат.

39 Кога поминуваше царот, тој извика: „Твојот слуга беше излезен во бој, кога од бојните редови истапи еден и ми доведе некој човек, велејќи: ‘Чувај го овој човек! Ако го снема, твојот живот ќе биде за неговиот живот, или ќе платиш сребрен талант.’

40 И додека твојот слуга работеше тука-таму, него го снема.” Тогаш царот на Израел му рече: „Еве ти ја пресудата! Сам си ја изрече!”

41 На тоа оној веднаш го отстрани покривалото од очите, и израелскиот цар виде дека тоа е еден од пророците.

42 А тој му рече на царот: „Господ вели вака: ‘Бидејќи остави да ти избега од рацете човекот, кого го удрив со проклетство, твојот живот ќе биде за неговиот живот, твојот народ за неговиот народ!’”

43 И израелскиот цар си отиде во својата куќа, темен и насрден, и влезе во Самарија.