1 Цареви 20:5-11 MKB

5 Ама гласниците се вратија и рекоа: „Вен-Адад вели вака и ти порачува: ‘Дај ми ги своето сребро и злато, своите жени и деца.

6 Биди уверен дека утре во ова време ќе ги испратам своите слуги, и тие ќе ги пребараат твојата куќа и куќите на твоите слуги, и ќе ја стават својата рака на сè што ќе им се допадне, и ќе го однесат тоа.’”

7 Израелскиот цар ги свика сите земни старешини и рече: „Промислете и погледајте! Овој ни готви зло! Ги бара од мене моите жени и деца, иако не му одбив моето сребро и злато.”

8 Старешините и сиот народ му одговорија: „Немој да послушаш! Немој да се согласиш!”

9 Тогаш тој им одговори вака на Вен-Ададовите пратеници: „Речете му на господарот царот: ‘Сè што бараше првпат од својот слуга, јас ќе направам, ама ова другото не можам.’” И посланиците отидоа и го однесоа одговорот.

10 Тогаш Вен-Адад порача: „Боговите нека ми направат зло и нека придадат уште толку, ако правот на Самарија биде доста за да добијат по еден грст оние што ме следат!”

11 Ама израелскиот цар му одговори: „Се вели: ‘Нека не се фали оној кој се препашува како оној што се распашува!’”