7 Израелскиот цар ги свика сите земни старешини и рече: „Промислете и погледајте! Овој ни готви зло! Ги бара од мене моите жени и деца, иако не му одбив моето сребро и злато.”
8 Старешините и сиот народ му одговорија: „Немој да послушаш! Немој да се согласиш!”
9 Тогаш тој им одговори вака на Вен-Ададовите пратеници: „Речете му на господарот царот: ‘Сè што бараше првпат од својот слуга, јас ќе направам, ама ова другото не можам.’” И посланиците отидоа и го однесоа одговорот.
10 Тогаш Вен-Адад порача: „Боговите нека ми направат зло и нека придадат уште толку, ако правот на Самарија биде доста за да добијат по еден грст оние што ме следат!”
11 Ама израелскиот цар му одговори: „Се вели: ‘Нека не се фали оној кој се препашува како оној што се распашува!’”
12 А кога Вен-Адад го чу тоа - токму пиеше со царевите под шаторот - им заповеда на своите слуги: „На своите места!” И тие ги зазедоа своите положаи против градот.
13 Тогаш еден пророк го побара Ахава, царот на Израел, и рече: „Господ вели вака: ‘Дали го виде она силно мноштво? Еве, Јас ќе ти го предадам денес во рацете, и ти ќе сознаеш дека Јас Сум Господ.’”