1 Цареви 22:1-7 MKB

1 Мирот владееше три години; немаше војна меѓу Арамејците и Израел.

2 Во третата година Јосафат, јудејскиот цар, го посети израелскиот цар.

3 Царот на Израел им рече на своите дворјанци: „Знаете ли дека Галадскиот Рамот е наш? А ние не преземаме ништо да го одземеме од рацете на арамејскиот цар.”

4 Потоа му рече на Јосафата: „Сакаш ли да тргнеш со мене против Галадскиот Рамот?” Јосафат му одговори на израелскиот цар: „Јас сум како и ти, мојот народ како и твојот, моите коњи како и твоите.”

5 Тогаш Јосафат му рече на израелскиот цар: „Де посоветувај се најнапред со Господа.”

6 Тогаш израелскиот цар собра околу себе си четири стотини пророци и ги праша: „Можам ли да завојувам против Галадскиот Рамот или да се откажам од тоа?” Тие одговорија: „Оди, зашто Господ ќе му го предаде во рацете на царот.”

7 Ама Јосафат праша: „Има ли тука уште некој Господов пророк, за да го прашаме и него?”