1 Цареви 22:16-22 MKB

16 Ама царот му рече: „Колку пати ќе те заколнувам за да ми ја кажеш само вистината во Господово Име?”

17 Тогаш Михеј одговори: „Го гледам сиот Израел распрснат по горите како стадо без пастир. И Господ вели: ‘Немаат веќе господар, нека се вратат во мир дома.’”

18 Тогаш израелскиот цар му рече на Јосафата: „Нели ти реков дека нема да ми прорече добро туку зло!”

19 А Михеј рече: „Затоа чуј го Господовото слово: Го видов Господа каде седи на Својот престол, а сета небеска војска Му стоеше оддесно и одлево.

20 Господ праша: ‘Кој ќе го заведе Ахава за да отиде и да падне во Галадскиот Рамот?’ Едниот рече ова, другиот она.

21 Тогаш, еден дух влезе и застана пред Господа: ‘Јас - рече - ќе го заведам.’ Господ го праша: ‘Како?’

22 Тој одговори: ‘Ќе излезам и ќе бидам лажлив дух во устите на сите негови пророци.’ Господ рече: ‘Ти ќе го заведеш. И ќе успееш. Оди и направи така!’