1 Цареви 22:19-25 MKB

19 А Михеј рече: „Затоа чуј го Господовото слово: Го видов Господа каде седи на Својот престол, а сета небеска војска Му стоеше оддесно и одлево.

20 Господ праша: ‘Кој ќе го заведе Ахава за да отиде и да падне во Галадскиот Рамот?’ Едниот рече ова, другиот она.

21 Тогаш, еден дух влезе и застана пред Господа: ‘Јас - рече - ќе го заведам.’ Господ го праша: ‘Како?’

22 Тој одговори: ‘Ќе излезам и ќе бидам лажлив дух во устите на сите негови пророци.’ Господ рече: ‘Ти ќе го заведеш. И ќе успееш. Оди и направи така!’

23 Еве, така е, Господ стави лажлив дух во устата на сите овие твои пророци, ама Господ ти навестува зло.”

24 Тогаш Хананииниот син Седекиј пристапи, го удри Михеја по образот и рече: „Зар Господовиот дух ме напушти мене за да зборува со тебе?”

25 Михеј одговори: „Ќе видиш во оној ден кога ќе бегаш од соба во соба за да се скриеш.”