1 Цареви 22:26-32 MKB

26 Тогаш израелскиот цар нареди: „Фатете го Михеја и одведете им го на градскиот заповедник Амон и на царскиот син Јоас.

27 Речи им: „Царот вели вака: „Фрлете го овој во темница и држете го на сув леб и вода додека не се вратам среќно.”‘“

28 Михеј рече: „Ако навистина се вратиш во мир, тогаш Господ не зборуваше преку мене.” И додаде: „Чујте сите луѓе!”

29 Израелскиот цар и јудејскиот цар Јосафат, тргнаа против Галадскиот Рамот.

30 Израелскиот цар му рече на Јосафата: „Јас ќе се преоблечам и тогаш ќе влезам во бојот, но ти остани во твојата облека!” Израелскиот цар се преоблече и тргна во бој.

31 Арамејскиот цар им нареди на заповедниците на воените коли: „Не напаѓајте ни на мал ни на голем, туку единствено на израелскиот цар!”

32 Кога заповедниците на бојните коли го здогледаа Јосафата, рекоа: „Тоа е израелскиот цар!” И тргнаа во бој кон него. А Јосафат извика.