27 Речи им: „Царот вели вака: „Фрлете го овој во темница и држете го на сув леб и вода додека не се вратам среќно.”‘“
28 Михеј рече: „Ако навистина се вратиш во мир, тогаш Господ не зборуваше преку мене.” И додаде: „Чујте сите луѓе!”
29 Израелскиот цар и јудејскиот цар Јосафат, тргнаа против Галадскиот Рамот.
30 Израелскиот цар му рече на Јосафата: „Јас ќе се преоблечам и тогаш ќе влезам во бојот, но ти остани во твојата облека!” Израелскиот цар се преоблече и тргна во бој.
31 Арамејскиот цар им нареди на заповедниците на воените коли: „Не напаѓајте ни на мал ни на голем, туку единствено на израелскиот цар!”
32 Кога заповедниците на бојните коли го здогледаа Јосафата, рекоа: „Тоа е израелскиот цар!” И тргнаа во бој кон него. А Јосафат извика.
33 А кога заповедниците на бојните коли видоа дека тој не е израелскиот цар, се свртија од него.