1 Цареви 22:3-9 MKB

3 Царот на Израел им рече на своите дворјанци: „Знаете ли дека Галадскиот Рамот е наш? А ние не преземаме ништо да го одземеме од рацете на арамејскиот цар.”

4 Потоа му рече на Јосафата: „Сакаш ли да тргнеш со мене против Галадскиот Рамот?” Јосафат му одговори на израелскиот цар: „Јас сум како и ти, мојот народ како и твојот, моите коњи како и твоите.”

5 Тогаш Јосафат му рече на израелскиот цар: „Де посоветувај се најнапред со Господа.”

6 Тогаш израелскиот цар собра околу себе си четири стотини пророци и ги праша: „Можам ли да завојувам против Галадскиот Рамот или да се откажам од тоа?” Тие одговорија: „Оди, зашто Господ ќе му го предаде во рацете на царот.”

7 Ама Јосафат праша: „Има ли тука уште некој Господов пророк, за да го прашаме и него?”

8 Израелскиот цар му одговори на Јосафата: „Има уште еден човек преку кого би сме можеле да Го прашаме Господа, ама не го поднесувам, зашто не ми пророкува ништо добро, туку само зло; тоа е Михеј, синот Емлин.” А Јосафат рече: „Царот нека не зборува така!”

9 Тогаш израелскиот цар повика еден дворјанец и му рече: „Побргу доведи го Михеј, синот Емлин.”