37 Царот загина!” Отидоа во Самарија и го закопаа царот во Самарија.
38 Ја измија неговата кола во Самарискиот Рибник, и кучињата ја лижеа неговата крв, и блудници се капеа таму, според словото што Господ го рече.
39 Другите Ахавови дела, сè што направил, за куќата од слонова коска, за сите градови што ги изгради, зар сè тоа не е во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?
40 Ахав почина со своите татковци, и неговиот син Охозиј зацари место него.
41 Јосафат, синот Асин, стана цар на Јудеја во четвртата година на царувањето на Ахав, израелскиот цар.
42 Јосафат беше на триесет и пет години кога се зацари; царуваше дваесет и пет години во Ерусалим; мајка му се викаше Азува, а беше ќерка Силеева.
43 Одеше сосем по патот на својот татко Аса, не свртувајќи од него, туку правејќи сè што е право во Господовите очи.