1 Цареви 22:44-50 MKB

44 Само, високите места не беа отстранети, народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места. Јосафат беше во мир со израелскиот цар.

45 Другата Јосафатова повест, потфатите што ги извршил и како војуваше, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

46 Ги истреби од земјата останатите изопачени мажи (содомисти), кои се одржаа од времето на неговиот татко Аса.

47 Немаше цар во Едом, туку владееше намесник.

48 Царот Јосафат изгради тарсиски бродови за да оди во Офир по злато, ама не отиде, зашто бродовите се разбија кај Есион Гавер.

49 Тогаш Охозиј, синот Ахавов, му рече на Јосафата: „Моите слуги нека тргнат со твоите слуги на бродовите.” Ама Јосафат не го прифати тоа.

50 Јосафат почина со своите татковци, и беше погребан во градот на Давида, својот прататко. На негово место се зацари неговиот син Јорам.