1 Цареви 3:14-20 MKB

14 И ако одиш по Моите патишта и ако ги пазиш Моите закони и заповеди, како што правеше твојот татко Давид, ќе ги умножам твоите денови.”

15 Соломон се разбуди, и ете: тоа беше сон. Тој се врати во Ерусалим и застанаа пред Ковчегот на Божјиот Завет; принесе паленици и помирителни приноси, и им приреди гозба на сите свои слуги.

16 Тогаш дојдоа кај царот две блудници и застанаа пред него.

17 И едната жена рече: „Дозволи, господару мој! Јас и оваа жена живееме во иста куќа, и јас родив покрај неа во куќата.

18 А на третиот ден по моето породување роди и женава. Бевме заедно, и никој туѓ со нас; само ние двете во куќата.

19 Во една ноќ умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него.

20 И таа стана сред ноќта, го зеде мојот син од покрај мене, додека твојата слугинка спиеше, и си го стави во својата прегратка, а својот мртов син го стави покрај мене.