1 Цареви 3:2-8 MKB

2 Народот пак принесуваше жртви на високи места, зашто уште не беше изграден до тоа време Храм на Господовото име.

3 А Соломон го љубеше Господа: се управуваше според наредбите на својот татко Давид, само принесуваше жртви и кадеше на високите места.

4 Царот отиде во Гаваон за да принесе жртва, зашто таму беше главниот жртвеник. Соломон принесе илјада паленици на жртвеникот.

5 Во Гаваон Господ му се јави на Соломона ноќе во сон. Бог рече: „Барај што да ти дадам.”

6 Соломон одговори: „Многу наклонет беше кон Својот слуга Давид, мојот татко, зашто одеше пред Тебе во верност, справедливост и чесност на своето срце; и му ја запази таа голема милост и даде еден од неговите синови да седи на неговиот престол.

7 Сега, о Господи, ти го направи цар Својот слуга на местото на мојот татко Давид, а јас сум уште сосем млад, та уште не знам да владеам.

8 Твојот слуга е сред народот што си го избрал; народ броен што не може ни да се изброи ни да се опфати со попис.