1 Цареви 3:21-27 MKB

21 А кога утрото станав да го надојам својот син, ете: тој беше мртов! И кога погледнав внимателно, разбрав: тоа не е мојот син кого што јас го родив!”

22 Тогаш рече втората жена: „Не, не е така. Мој син е оној живиот, а твој е оној што е мртов!” А првата и одговори: „Не е вистина! Твој син е оној кој е мртов, а мојот е оној што е жив!” И така се препираа пред царот.

23 А тогаш царот проговори: „Оваа вели: ‘Овој живиот е мој син, а оној мртвиот твој;’ другата пак вели: ‘Не е, туку твојот син е мртов, а мојот е оној - живиот.’

24 Донесте меч!” нареди царот. И донесоа меч пред царот,

25 а тој рече: „Пресечете го живото дете надве и дајте и половина на едната, а половина на другата.”

26 Тогаш жената, мајката на живото дете, ја заболе срцето по синот, и таа му извика на царот: „Ах, господару! Детето нека и биде дадено нејзе, само немојте да го убиете!” А онаа - другата зборуваше: „Нека не биде ни мое ни твое: пресечете го!”

27 Тогаш царот проговори и рече: „Дајте и го детето на првата, не убивајте го за ништо! Таа му е мајка.”