23 А тогаш царот проговори: „Оваа вели: ‘Овој живиот е мој син, а оној мртвиот твој;’ другата пак вели: ‘Не е, туку твојот син е мртов, а мојот е оној - живиот.’
24 Донесте меч!” нареди царот. И донесоа меч пред царот,
25 а тој рече: „Пресечете го живото дете надве и дајте и половина на едната, а половина на другата.”
26 Тогаш жената, мајката на живото дете, ја заболе срцето по синот, и таа му извика на царот: „Ах, господару! Детето нека и биде дадено нејзе, само немојте да го убиете!” А онаа - другата зборуваше: „Нека не биде ни мое ни твое: пресечете го!”
27 Тогаш царот проговори и рече: „Дајте и го детето на првата, не убивајте го за ништо! Таа му е мајка.”
28 Сиот Израел ја чу пресудата што ја изрече царот, и го почитуваа царот, зашто видоа дека во него е Божја мудрост во изречувањето на правдата.