1 Цареви 3:9-15 MKB

9 Дај му на Својот слуга проницливо срце за да може да му суди на Твојот народ, да разликува добро од зло, зашто кој би можел да управува со Твојот народ кој е толку голем!”

10 На Господа Му беше мило дека Соломон молеше за тоа.

11 Затоа Господ му рече: „Зашто го бараше тоа, а не посака ни долг живот, ни богатство, ниту смрт за своите непријатели, туку проницливост во пресудувањето на правдата,

12 еве ќе направам според твоите зборови: ти давам мудро и разумно срце, какво што немал никој пред тебе ниту ќе го има некој по тебе,

13 но ти давам и што не бараше: богатство и слава каква што нема никој меѓу царевите.

14 И ако одиш по Моите патишта и ако ги пазиш Моите закони и заповеди, како што правеше твојот татко Давид, ќе ги умножам твоите денови.”

15 Соломон се разбуди, и ете: тоа беше сон. Тој се врати во Ерусалим и застанаа пред Ковчегот на Божјиот Завет; принесе паленици и помирителни приноси, и им приреди гозба на сите свои слуги.