1 Соломон изгради и свој дворец: потполно го заврши за тринаесет години.
2 Го изгради дворецот од ливанска гора: сто лакти долг, педесет широк и триесет лакти висок, на четири реда кедрови столбови, а на столбовите беа кедрови греди.
3 Беше покриен со кедровина над собите што почиваа над столбовите. Овие ги имаше четириесет и пет: петнаесет во секој ред.
4 Имаше три редици прозорци: по три прозорци гледаа еден кон друг.