1 Цареви 7:12-18 MKB

12 А три реда делкан камен и ред кедрови греди го опкружуваа големиот двор, а исто и внатрешниот двор на Господовиот Дом.

13 Соломон испрати по Хирама од Тир.

14 Тоа беше син на вдовица од Нефталимовото племе, ама татко му беше од Тир, ковач на бронза. Беше полн со вештини, умеење и знаење да изработува сè од бронза. Тој дојде кај царот Соломон и му ја сврши сета работа.

15 Одлеа два столба од бронза; едниот столб беше висок осумнаесет лакти, а мерен со конец наоколу имаше дванаесет лакти, исто така и другиот.

16 И направи две глави од бронза за да се стават врз столбовите; едната глава беше висока пет лакти, и другата беше пет лакти висока.

17 Направи две мрежи во вид на плетенки и верижна жица за да ги покријат главите на вратот на столбовите; седум за едната глава и седум за другата.

18 Тогаш изработи калинки: беа во два реда околу секоја мрежа. И ја покриваа главата на врвот на столбот. Исто направи врз другата глава.