13 Соломон испрати по Хирама од Тир.
14 Тоа беше син на вдовица од Нефталимовото племе, ама татко му беше од Тир, ковач на бронза. Беше полн со вештини, умеење и знаење да изработува сè од бронза. Тој дојде кај царот Соломон и му ја сврши сета работа.
15 Одлеа два столба од бронза; едниот столб беше висок осумнаесет лакти, а мерен со конец наоколу имаше дванаесет лакти, исто така и другиот.
16 И направи две глави од бронза за да се стават врз столбовите; едната глава беше висока пет лакти, и другата беше пет лакти висока.
17 Направи две мрежи во вид на плетенки и верижна жица за да ги покријат главите на вратот на столбовите; седум за едната глава и седум за другата.
18 Тогаш изработи калинки: беа во два реда околу секоја мрежа. И ја покриваа главата на врвот на столбот. Исто направи врз другата глава.
19 Главите на врвот на столбовите пред тремот имаа облик на лотоси, од четири лакти.