1 Цареви 7:20-26 MKB

20 Стоеја на двата столба кај испакнатината што беше спрема мрежата. Две стотини калинки беа околу првата глава и двеста околу другата.

21 Подигна столбови пред тремот на Светилиштето; едниот го стави на десната страна и го нарече Јахин; постави друг столб на левата страна и му го даде името Воас.

22 Изработените лилјани ги постави на самиот врв на главите. И така ги доврши столбовите.

23 Тогаш од бронзена ковина излеа море што мереше десет лакти од работ до работ; беше кружно наоколу, пет лакти високо, а во опсег, мерено со врвца, имаше триесет лакти.

24 Под работ му беа украси како цветни чашки, кои го опточуваа сосем: по десет на лакат го опточуваа морето наоколу; цветните чашки беа во два реда, и беа излеани со него.

25 Лежеше врз дванаесет волови: три гледаа на север, три на запад, три на југ, а три на исток; морето стоеше врз нив, и сите беа свртени со задниот дел кон внатре.

26 Беше дебело една дланка, работ му беше како раб на чаша, како лилјанов цвет, а можеше да прими две илјади мери - вати.