26 Беше дебело една дланка, работ му беше како раб на чаша, како лилјанов цвет, а можеше да прими две илјади мери - вати.
27 Направи десет бронзени подножја; секое беше четири лакти долго, четири лакти широко, а три лакти високо.
28 Подножјата беа изработени вака: имаа рамки, а рамките стоеја меѓу препреките.
29 На рамките меѓу пречките беа лавови, волови и херуви; а врз самите препреки, како над лавовите и воловите така и под нив, беа украси како венци.
30 Секое подножје имаше четири бронзени тркала и оска од бронза; нивните четири нозе имаа држачи; под мијалникот држачите беа слеани со украсите.
31 Горе, каде што се составуваа држачите, беше отворот на подножјето; имаше лакат ипол; отворот беше кружен, во вид на украсен сад, а врз него беа врежани и украси; ама препреките беа четвртести, а не кружни.
32 Четири колца беа под пречката. Оските им излегуваа на подножјето; секое колце беше високо лакат ипол.