1 Цареви 7:32-38 MKB

32 Четири колца беа под пречката. Оските им излегуваа на подножјето; секое колце беше високо лакат ипол.

33 Тркалата беа слични на тркалата на обични коли: нивните оски, наплатите, шпиците и главинките - сè беше излеано.

34 Имаше четири држачи на четирите агли на секое подножје; подножјето и држачите составуваа една целина.

35 При врвот на подножјето имаше круг висок половина лакат; врз подножјата имаше клинови; препреките составуваа целина со нив.

36 По страните на клиновите и на препреките врежа херуви, лавови и палми, колку што му дозволуваше местото и на венците наоколу.

37 Така направи десет подножја: еднакво излеани, со еднаква големина и облик.

38 И направи десет мијалници од бронза. Секој мијалник содржеше четириесет вати, а секој мијалник беше од четири лакти; на секое од десетте подножја доаѓаше по еден мијалник.