39 Постави пет подножја на десната страна, а пет на левата страна на Храмот; а морето го постави од десната страна на Храмот, кон југоисток.
40 Хирам направи грнци, лопати и котлиња. Тој ја приврши сета работа што му ја обавуваше на царот Соломон за Господовиот Дом:
41 два столба, кружните глави што беа на врвот на столбовите; двете мрежи за да ги покриваат двете глави што беа на врвот на столбовите;
42 четири стотини калинки за двете мрежи; два реда калинки за секоја мрежа, за да ги покријат двете глави на столбовите;
43 десет подножја и десет мијалници на подножјата;
44 едно море и дванаесет волови под него;
45 грнци, лопати и котлиња. Сите тие предмети што му ги направи Хирам на царот Соломон за Господовиот Дом беа од блескава бронза.