4 Имаше три редици прозорци: по три прозорци гледаа еден кон друг.
5 Сите врати со довратниците беа четвртести, и по три прозорци стоеја еден спрема друг.
6 Направи трем од столбовите, педесет лакти долг и триесет широк.
7 Потоа го изгради престолниот трем, каде што судеше; и судиски трем, обложен со кедровина од подот до покривот.
8 Неговото престојувалиште, во другиот двор и во внатрешноста на дворот беше со ист облик. & изгради и куќа, слична на оној трем, на фараоновата ќерка, со која беше оженет.
9 Сите тие згради беа од одбран камен, сечен по мера, а делкан одвнатре и однадвор, од основите сè до дрвените спојници, а надвор сè до големото преддворје.
10 Основите им беа од одбран, голем камен: од десет и од осум лакти,