41 два столба, кружните глави што беа на врвот на столбовите; двете мрежи за да ги покриваат двете глави што беа на врвот на столбовите;
42 четири стотини калинки за двете мрежи; два реда калинки за секоја мрежа, за да ги покријат двете глави на столбовите;
43 десет подножја и десет мијалници на подножјата;
44 едно море и дванаесет волови под него;
45 грнци, лопати и котлиња. Сите тие предмети што му ги направи Хирам на царот Соломон за Господовиот Дом беа од блескава бронза.
46 Царот заповеда да го излеваат сè тоа во глинени калапи, во Јорданската Долина, меѓу Сохот и Сартан.
47 На крај Соломон одреди да ги распоредат сите тие предмети, а ги имаше толку што не можеше да се пресмета тежината на бронзата.