1 Цареви 7:46-51 MKB

46 Царот заповеда да го излеваат сè тоа во глинени калапи, во Јорданската Долина, меѓу Сохот и Сартан.

47 На крај Соломон одреди да ги распоредат сите тие предмети, а ги имаше толку што не можеше да се пресмета тежината на бронзата.

48 Соломон ги направи сите предмети кои што беа во Господовиот Дом: златниот жртвеник и златниот стол врз кој стоеја лебните приноси;

49 петте светилници од десната и од левата страна пред Светина над светините, од чисто злато: цветови, светилки, клешти од злато;

50 врчвите, ножовите, котлињата, темјаниците и кадилниците од чисто злато; стожерите за вратата на внатрешната дворана - тоа е Светина над светините - и за вратата на Светилиштето - односно на Храмот - сè од злато.

51 Така беше приведена кон крај сета работа што Соломон ја изврши за Господовиот Дом. Соломон ги внесе сите свети дарови на татка си Давида - среброто, златото и садовите - и ги стави во ризницата на Господовиот Дом.