1 Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите Израелеви старешини, сите племенски кнезови и семејните главатари, за да се пренесе Ковчегот на Господовиот Завет од градот, од Давидовиот Град, односно од Сион.
2 Сите Израелеви луѓе се собраа пред царот Соломон на празникот во месецот Етаним (односно седмиот месец).
3 И кога дојода Израелевите старешини, свештениците ги понесоа Ковчегот,
4 и Шаторот на средбата со сиот посветен прибор што беше во Шаторот. Ги пренесуваа свештениците и левитите.