11 и свештениците не можеа да ја продолжат службата од облакот: Господовата Слава го исполни Божјиот Дом!
12 Тогаш Соломон рече: „Господ рече дека благоволи, да престојува во облак;
13 а јас Ти изградив Дом, место, за да престојуваш во него засекогаш!”
14 И откако се сврти, царот го благослови целиот израелски собор, а сиот израелски собир стоеше.
15 Тој рече: „Нека е благословен Господ, Израелевиот Бог, Кој со Својата рака го исполни ветувањето што со Својата уста му го даде на мојот татко Давид, велејќи:
16 ’Од денот кога го изведов Својот народ од Египетската Земја, не избрав град меѓу ниедно Израелево племе, за да се изгради во него Дом, каде што би престојувало Моето Име, туку го избрав Давида за да заповеда тој со Мојот народ Израел.’
17 Татко ми Давид науми да Му подигне Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог,