1 Цареви 8:17-23 MKB

17 Татко ми Давид науми да Му подигне Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог,

18 ама Господ му рече: ‘Си наумил да му подигнеш Дом на Моето Име, и добро направи,

19 но ти нема да го подигнеш тој Дом, туку твојот син кој ќе излезе од твоето крило, тој ќе му подигне Дом на Моето Име.’

20 Господ го исполни Своето ветување: го наследив својот татко Давид и седнав на Израелевиот престол, како што вети Господ, и му подигнав Дом на Името на Господа, Израелевиот Бог,

21 и одредив таму да биде местото на Ковчегот во кој е Заветот што Господ го склучи со нашите татковци, кога ги изведе од Египетската Земја.”

22 Тогаш Соломон стапи, во присуство на сиот Израелев собир, пред Господовиот жртвеник, ги рашири рацете кон небото

23 и рече: „Господи, Израелев Боже! Ниеден бог не Ти е сличен ни на небесата ни долу на земјата, Тебе Кој ги пазиш Заветот и љубовта кон Своите слуги, што чекорат пред Тебе со сето свое срце.