1 Цареви 8:31-37 MKB

31 Ако некој згреши против ближниот и ако му се нареди да се заколне, а заклетвата дојде пред Твојот жртвеник во овој Дом,

32 тогаш Ти чуј ја на небото и постапувај и суди им на Твоите слуги, осуди го виновникот свртувајќи ги неговите дела на неговата глава, а невиниот ослободи го постапувајќи со него според неговата невиност.

33 Ако Твојот народ биде разбиен од непријателот зашто Ти згрешил Тебе, ама ако сепак се обрати кон Тебе и ако го прослави Твоето Име и ако се помоли во овој Дом,

34 тогаш чуј го Ти тоа од небото, прости му ги гревовите на Својот Израелски народ и доведи го назад во земјата што им ја даде на нивните татковци.

35 Кога ќе се затвори небото и не ќе падне дожд зашто Ти згрешиле Тебе, па ако Ти се помолат на ова место и ако го прослават Твоето Име и ако се одвратат од својот грев кога ќе ги понижиш Ти,

36 тогаш чуј ги Ти на небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот Израелски народ, покажувајќи им го добриот пат по кој да одат, и пушти дожд на земјата што му ја даде во наследство на Својот народ.

37 Кога во земјата ќе завладеат глад, помор, суша и гламница, и кога ќе надојдат скакулци, гасеници, кога непријателот на овој народ притисне некоја од неговите врати, или кога ќе биде некоја друга неволја или болест,